Повредениот, 24-годишниот А.И. од селото Арачиново, е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош
Едно лице е повредено во пукање што вечерва се случило во селото Арачиново, информираат за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Повредениот, 24-годишниот А.И. од селото Арачиново, е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Денеска (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
се вели во информацијата од МВР.
Изминативе десетина дена ова е трет инцидент со огнено оружје во кој има повредени или убиени лица.
На 19 август во скопската населба Ченто имаше пукање од возило во движење при што едно лице со повреди беше однесено во болница.
Ден подоцна се случи престрелката на паркингот меѓу станбените згради и трговскиот центар „Мавровка“ каде едено лице беше убиено откако во него пукале неколкумина напаѓачи. Тие, според очевидци, од неговиот автомобил одзеле предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер, а потоа побегнале.