Според странските медиуми, дури и Американците кои на Трамп гледаат позитивно го оценуваат како нерелигиозна личност
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за претстојните избори во САД, Доналд Трамп, пред католичкиот Велигден почнал нов бизнис со продажба на Библии со наслов „Бог да ги благослови САД“, пренесува Асошиејтед прес (АП).
Трамп ја продава оваа книга по цена од 60 американски долари. Објавил и видео на својата платформа Трут сошал, во кое ги повикува своите поддржувачи да ја купат Библијата.
Според светските медиуми, името на Библијата е инспирирано од патриотската балада на кантри-пејачот Ли Гринвуд, со која тој излегува на сцена на секој свој собир.
„Ајде да ја натераме Америка повторно да се моли. Додека одиме на Велики петок и Велигден, ве охрабрувам да земете копија од Библијата, „Бог да ги благослови САД“,
напиша Трамп упатувајќи ги своите поддржувачи на веб-страница каде што се продава книгата за 60 долари.
Инаку, пред да влезе во политиката Трамп никогаш не зборувал отворено за религијата. Сега, пак, тој им порачува на Американците да ја купат оваа книга, за која вели дека е потребна во секој американски дом.
„На сите Американци им треба Библија во нивниот дом. Јас имам многу Библии дома. Тоа е мојата омилена книга“,
рече тој.
Trump: "Religion and Christianity are the biggest things missing from this country, and I truly believe that we need to bring them back. All Americans need a Bible in their home, and I have many. It’s my favorite book."
— AF Post (@AFpost) March 27, 2024
Follow: @AFpost pic.twitter.com/duPSS5lspj
Според странските медиуми, дури и Американците кои на Трамп гледаат позитивно го оценуваат повеќе како нерелигиозна личност.
Промовираната Библија има и неколку додатоци, вклучувајќи ги Уставот и Заклетвата за верност.
Трамп на платформата ги уверува и посетителите дека парите од продажбата на Библиите нема да одат за неговата политичката кампања за претседателските избори.
„Бог да ги благослови САД“ е печатена во ограничени количини.
Со слоганот „Мора да ја вратиме довербата во Америка“, со која ја промовира и Библијата, се смета дека Трамп алудира на слоганот на неговата кампања „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Според американските медиуми, Трамп се соочува со сериозни финансиски проблеми поради судските процеси кои ги води изминатиот период, односно со четири кривични обвиненија заедно со серија граѓански обвиненија.