Словенечката Влада објави дека во изминатите 24 часа земјата се регистрирани само 13 случаи на новозаразени со коронавирусот од вкупно тестираните 1 250 лица.
Во болнички услови се лекуваат 93 пациенти, а на интензивна нега се наоѓаат 27 лица со потешка форма на ковид-19.
Во изминатите 24 часа од болница отпуштени се осум пациенти, а четири лица починаа како последица од инфекцијата. Жариште на заразата во Словенија остануваат домовите за стари лица, каде се регистрирани и најголем дел од новозаразените.
Досега во Словенија се регистрирани вкупно 1 317 заразени, а 70 лица починаа како последица на вирусот. лица се излечени, а вкупниот број на тестирани е поголем од 40 илјади.
Здравствените власти во Словенија констатираат дека земјата ја става под контрола заразата и почнуваат со постепено укинување на ограничувањата за граѓаните и компаниите.
Во меѓувреме, уставниот суд во земјата побара од Владата да ја преиспита одлуката за забрана за движење и суспендира еден член од владината уредба кој предвидува укинување на оваа мерка кога за тоа ќе се создадат услови.