Полицијата во Охрид во изминатото деноноќие казнила 50 лица за неносење на заштитна маска. На територијата пак на СВР Охрид, вкупно се казнети 81 лице (Охрид-50, Струга-13, Кичево-16, Дебар-02).
„Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 9 контроли врз угостителски и други објекти“,
информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.