Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера, четврток, имало вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои во моментов два се активни, седум се под контрола и 37 се изгаснати.
И натаму е активен пожарот во Општина Македонски Брод кај селата Тажево и Брезница со кракот кон Јасен, каде што гори борова шума. Овој пожар од ЦУК веќе го нарекоа „монструм од пожар“ и гори веќе неколку недели.
Вториот активен пожар е во Општина Студеничани кај селата Дрешница и Батинци, каде што гори мешана шума.
ЦУК соопшти дека под контрола се ставнени седум пожари во:
- Општина Македонски Брод: с. Слатина (нискостеблеста вегетација)
- Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, активен е кај с. Брежани, додека под контрола е на територијата на Општина Демир Хисар (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума)
- Општина Петровец: с. Градманци – Дивље (ниска вегетација)
- Општина Дебар: над с. Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (нискостеблеста шума, трње и ниска вегетација)
- Општина Охрид: Галичица (нискостеблеста вегетација)
- Општина Пласница: с. Пласница (изгаснат) – с. Латово (чади, деградирана шума)
- Општина Делчево: Депонија Делчево
Меѓу изгаснатите пожари се оние во општините Прилеп, Кичево, Кочани, Гази Баба, Гостивар, Крушево, Тетово, Бутел, Кисела Вода и други. Во нив гореле ниска вегетација, депонии, ѓубришта, но и мешана и борова шума.