Во домот на Д.А. биле пронајдени и 18 пакувања со прашеста материја – амфетамин, како и бела грутчеста материја
Во домот на 27-годишниот Д.А. полицијата пронашла над четири килограми марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во претресот што бил извршен синоќа во 21:35 часот во домот на Д.А. во скопската населба Драчево биле пронајдени и 18 пакувања со прашеста материја – амфетамин, како и бела грутчеста материја.
Од полицијата велат дека Д.А. е лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.