Како што објави „Укринформ“, во Киев и регионот имаше проблеми со затоплувањето и снабдувањето со вода како резултат на вчерашниот напад
Во Киев е обновено снабдувањето со електричната енергија за 748 000 домаќинства по вчерашниот руски напад, објави „Укринформ“ повикувајќи се на соопштение на телеграм-каналот на украинската енергетска компанија ДТЕК.

„Успеавме да го обновиме снабдувањето со електрична енергија во критичната инфраструктура и во сите домови во главниот град по вчерашниот напад“,
се вели во соопштението.
Како што објави „Укринформ“, во Киев и регионот имаше проблеми со затоплувањето и снабдувањето со вода како резултат на вчерашниот напад.
Русија ги засилува нападите врз енергетскиот систем на Украина во последните недели и ја продолжува својата воена офанзива и покрај напорите предводени од САД за завршување на војната во Украина.
