Премиерот на Италија, Џузепе Конте, најави построги казни за прекршителите на владината мерки за ограничување на движењето.
Италијанската влада на вчерашната седница одреди парични казни од 400 до 3 000 евра за прекршителите. Досега казната изнесуваше 206 евра.
Во Италија веќе трета недела е во сила забраната за движење, а според владин одредба ќе трае до 3 април.
Во Италија регистрирани се 69 176 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 6 820 починаа.