Во Грција од денеска започнува пријавувањето за вакцинација на деца од пет до 11 години, која ќе започне од идната среда
Во Грција од денеска започнува пријавувањето за вакцинација на деца од пет до 11 години, која ќе започне од идната среда. Родителите од денеска можат да за закажат термин за вакцинација на нивните деца.
Се очекува во понеделник во земјата да пристигнат вакцините на „Фајзер“ наменети за децата. Се работи за вакцини чија доза е помала од онаа што ја примаат возрасните и тинејџерите.
Во првата фаза од вакцинацијата ќе бидат отворени центри за детска вакцинација во 75 дела на Грција, додека пак за островите и за оддалечените места предвидени се мобилни единици.
Грција е една од земјите која воведе вакцинација на деца од пет до 11 години. Претходно, САД ја одобрија вакцинацијата на деца од пет до 11 години со доза помала од онаа која ја примаат возрасните. Австралија, исто така, најави дека од 10 јануари ќе почне со вакцинација против ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години.