Третманот е наречен „дискавери“ и во него има хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против коронавирусот
Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани против коронавирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања (Инсерм), јави МИА.
Третманот е наречен „дискавери“ и во него има хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против коронавирусот. Се работи за студијата спроведена врз помал број на пациенти во Марсеј.
Тестирањето го спроведува професорот Раулт, директор на болничкиот универзитетски институт Медитеран Инфекција во Марсеј. За шест дена, професорот инјектирал дваесетина пациенти заболени од ковид-19 со доза од 600 мг дневно на „плакенил“ (името на лекот што се продава на молекула добиено од хлорекин).
„Спектакуларно е, просечното оптеретување на вирусот се нормализира за 20 дена. […] Пациентите кои не го добиле „плакенил“, после шест дена сè уште имаат 90 отсто од вирусот, додека оние кои го добиле третманот, се 25 отсто позитивни“, објасни докторот на 16 март. Тој заедно со хлоракинот користел и третман со азитромицин, за да се избегнат секундарни бактериски инфекции.
Покрај во Марсеј, слични студии биле спроведени во Кина, Иран, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Клиничкото тестирање има за цел да ја анализира ефикасноста и толеранцијата на терапевтски опции за пациенти во ограничено време, објаснува Инсерм во соопштението.
Покрај хлоракин, со тестот се прави проценка и на ремдесивир, лопинавир во комбинација со ритонавир, додека последниот третман е или не е комбиниран со интерферон бета.
Во францускиот дел на тестирањата, ќе бидат вклучени најмалку 800 пациенти со тешки форми на коронавирус. Вкупно ќе бидат опфатени 3 200 пациенти во Европа, поточно во Белгија, Холандија, Луксембург, Велика Британија, Германија и Шпанија.
Добиените податоци ќе бидат споделени со уште едно меѓународно тестирање под името „Солидарност“, што ќе се спроведе под покровителство на Светската здравствена организација.
Министерот за здравство на Франција повика на претпазливост, потсетувајќи дека надежите побудени од некои третмани понекогаш биле разочарувачки.
„Ако овој третман е ефикасен, ние ќе им го понудиме на Французите без одлагање“, рече Оливие Веран, додавајќи дека неколку пациенти третирани во француските болници експериментирале со тоа.
Според него, во рок од 15 дена треба да има консолидирани податоци за резултатите од тестирањето.
*поврзана вест Утре Комисијата за заразни болести ќе расправа за комбинацијата на лек против маларија и антибиотик за лечење на коронавирусот