Претходно во посета на Тајван беа Ненси Пелоси и Ед Марки, а како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, Пекинг започна големи воени маневри околу Тајван, кој го смета за дел од својата територија
Во екот на тензиите помеѓу Кина и Тајван, денеска тајванската претседателка Цаи Инг-вен прими уште една делегација од САД. Гувернерот на американската сојузна држава Индијана, Ерик Холкомб, вчера пристигна во Тајпеј во четиридневна посета.
Претходно во посета на Тајван беа Ненси Пелоси и Ед Марки, а како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, Пекинг започна големи воени маневри околу Тајван, кој го смета за дел од својата територија.
Тајванската претседателка Цаи, во нејзиниот разговор со Холкомб во претседателскиот кабинет, нагласи дека САД и Тајван се клучни безбедносни и економски сојузници во индо-пацифичкиот регион.
„Тајван се спротивстави на воените закани од Кина, во и околу Тајванскиот Теснец. Во овој момент, демократските сојузници мора да застанат заедно и да ја зајакнат соработката во сите области“,
рече Цаи.
Кина допрва треба да ја коментира посетата на Холкомб.
Според тајванското Министерство за надворешни работи, Холкомб планира да се сретне со други високи владини претставници и претставници на секторот за производство на полупроводници.