Утринава при туристичка посета на група Израелци во Александрија, Египет, локален жител отворил оган врз нив, при што загинале двајца израелски државјани и локален египетски водич. Уште еден израелски државјанин е ранет, соопшти Министерството за надворешни работи
Министерство за внатрешни работи на Египет соопшти дека египетски полицаец отворил оган врз израелски туристи во медитеранскиот град Александрија, при што се убиени најмалку двајца Израелци и еден Египќанец.
Според телевизискиот канал Екстра њуз, кој цитира неидентификуван безбедносен функционер, уште едно лице е рането во нападот што се случил на местото на Помпејовиот столб во Александрија.
Израелскиот медиум „Д тајмс од Израел“ (The Times of Israel) објави видео од местото на пукањето во автобус на израелски туристи во Александрија.
مشاهد من موقع إطلاق النار على حافلة سياح إسرائيليين بالإسكندرية.#طوفان_الأقصى #الإسكندرية pic.twitter.com/AsShDRY6AM
— وكالة سند للأنباء – Snd News Agency (@Snd_pal) October 8, 2023
Полицаецот, кој наводно отворил оган во областа Савари во Александрија, е во притвор.
„Утринава при туристичка посета на група Израелци во Александрија, Египет, локален жител отворил оган врз нив, при што загинале двајца израелски државјани и локален египетски водич. Уште еден израелски државјанин е ранет“,
соопшти Министерството за надворешни работи.
Египетските медиуми пренесуваат дека полицаецот откако бил испровоциран, изгубил контрола и пукал по случаен избор кон туристите.
Египет склучи мир со Израел пред неколку децении и долго време служеше како посредник во израелско-палестинскиот конфликт.