Во германската фабрика „Дрекслмајер“, во која има 6 000 вработени, регистриран е трет заразен работник со ковид-19. Од фабриката за МИА денеска изјавиле дека ги преземаат сите мерки за да обезбедат да нема ширење на вирусот, со објаснување дека нема поврзаност меѓу заразените, дека сите контакти се во самоизолација и дека работниот процес продолжува.
„Постојано сме во контакт со епидемиологот и надлежните институции, сите мерки пропишани од надлежните се преземаат во работната околина, плус дополнителни мерки за превенција и заштита. Ние дури проверуваме и дали работниците кои се во самоизолација ги почитуваат препораките, за да не се движат наоколу и да не бидат ризик за другите“,
велат од фабриката која е најголем работодавач во државата.
Сите од работното опкружување трет случај позитивен на вирусот, како што истакнуваат од фабриката, се испратени во двонеделна самоизолација, просториите редовно се дезинфицираат и се носи заштитна опрема.
Сите три случаи, наводно, не биле поврзани меѓу себе и најверојатно се заразиле во нивното приватно опкружување.