Во околината на Софија во товарно комбе, со кој управувал македонски државјанин, биле откриени 43 Авганистанци, соопшти бугарската полиција.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, во текот на операцијата, вработени во Генералниот директорат запреле комбе на територијата на Општина Костинброд. Возилото го управувал 56-годишен маж – државјанин на Македонија, кој нелегално престојувал во Бугарија.
Во товарното комбе биле пронајдени 43 авганистански државјани регистрирани во бугарската Државна агенција за бегалци.
На возачот му е поднесена кривична пријава и изречена му е мерка притвор.