Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69 000 евра во автомобил управуван од државјанин на Северна Македонија.
Како што пренесува БТА, автомобилот марка „киа“ со македонски регистарски таблички бил запрен на граничниот премин „Капетан Андреево“ на бугарско-турската граница на 23 декември кога цариниците, при контрола, пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.
Возачот, Р.Р. (58), патувал сам, од Република Северна Македонија преку Бугарија до Турција. Денеска, на барање на Окружното обвинителство – Хасково, судот на Р.Р. му изрече мерка притвор.
