По откривањето на мутираниот вид на коронавирусот што се пренесува побрзо, има драстично зголемување на бројот на нови заразени, но и на смртни случаи како резултат на компликации
Извршниот директор на Националната здравствена служба на Велика Британија (НХС), Симон Стивенс, изјави дека болниците и медицинските работници во земја се под огромен притисок, поради растечкиот број на лица со компликации од коронавирусот.
Тој соопшти фрапантна статистика дека на секои 30 секунди по едно лице е хоспитализирано поради компликации од ковид-19.
Во изјава за Скај Њуз, Стивенс потврди дека бројот на хоспитализирани по Божиќ се зголемил за 15 000, додавајќи дека тој број е доволен за да се исполнат сите капацитети на 30 големи болници.
Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб за Скај Њуз изјави дека до септември сите возрасни лица во Велика Британија треба да ја примат првата доза на вакцината против ковид-19. Раб истакна дека мерките против ширењето на коронавирусот нема да бидат укинати одеднаш, додавајќи дека тоа ќе се прави постепено кога за тоа ќе дојде време.

Во Велика Британија, по откривањето на мутираниот вид на коронавирусот што се пренесува побрзо, има драстично зголемување на бројот на нови заразени, но и на смртни случаи како резултат на компликации.
Вчера 1 295 починале, а регистрирани се 41 346 нови заразени.