Поради намалениот број, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало еден прием.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациент 37
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти со ковид.
Според извештаите на болниците, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 31, а во Куманово 43, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид-центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 пациенти. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Трендот на намалување на бројот на заболени и на починати го регистрира и неделниот извештај на ИЈЗ, за периодот од 10 до 16 мај, објавен денеска.