Според првичните податоци од ДИК, од целосно преброени гласови, Коњановски води со 19 532 гласа пред Кондовски со 17 891 глас
СДСМ и кандидатит Кондовски, како што рече синоќа лидерот Зоран Заев, во вториот круг сметаат на гласовите на лидерот на ЛДП и министер во Владата, Горан Милевски, кој вчера освои 3 336 гласа
Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Христо Кондовски од СДСМ ќе се борат за градоначалничката функција во Битола во вториот круг од локалните избори на 31 октомври. Според првичните податоци од ДИК, од целосно преброени гласови, Коњановски води со 19 532 гласа пред Кондовски со 17 891 глас.
Трет е Горан Милевски, лидерот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа, кој беше кандидат на ЛДП и ДОМ во Битола, партии кои се дел од коалицијата на СДСМ на централно ниво. Милевски, според податоците на ДИК, има 3 336 гласа. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа изјави дека во Битола во вториот круг сметаат токму на гласовите на Милевски.
Разликата меѓу Коњановски и Кондовски е 1 641 глас.