Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје примени се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Со ова, вкупниот број на лица сомнителни и потврдени на ковид-19 кои се наоѓаат на инфективните оддели во главниот град е 486 лица.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми, и тоа тројца пациенти биле примени на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, тројца се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, двајца на Клиниката за очни болести и еден на Клиниката за нефрологија.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 пациенти, а на Инфективната клиника 15 лица во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 лица, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 16 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 пациенти, на Клиниката за инфективни болести 159 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 10 деца и 30 возрасни.
Министерството за здравство соопшти дека се очекува во текот на денот да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.