Вечерашното гостување на Зоран Заев е срамно, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на настапот на премиерот Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Од опозициската партија посочуваат дека тој не одговорил за тоа каква е состојбата на државата, како таа ќе се справува со ковид-19, како ќе постапи во преговорите со Бугарија.
„Заев не одговори дали Гоце Делчев ќе остане Македонец, кога ќе се расчистат аферите ‘Дака’, ‘Рекет 2’, ‘Шпанско село’, дали ќе престане со политичкиот прогон кој го врши врз неистомислениците, зошто Македонија според извештаи е хибриден режим, дали ќе го реши проблемот на лозарите, зошто секој ден се затвораат фирми, зошто се покачи струјата на 7.4%, зошто има над 40 000 граѓани невработени, зошто Македонија има пад на БДП на -12.7%, зошто над 500 000 граѓани живеат со 50-тина денари дневно и се на раб на егзистенција, до каде се капиталните инвестиции, зошто Македонија е слепо црево во Европа според инфраструктурата“,
се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.