Дури и со Груевски имав повеќе муабет отколку со сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, вели премиерот Зоран Заев, за тоа каква е соработката со опозицијата
„Човекот е изгубен во вселената. Сум разговарал со него. И со Груевски сум разговарал. Тука имаше муабет, знаеш на што си, го постигнавме Пржино и друго. Што сум договорил со Мицкоски во изминатите три години? Ништо. Ни Преспански договор, ни закон за ЈО, ништо. Пратеничките групи договорија некои закони, затоа што се европски закони. Човеков преговара за да не се договори“,
вели Заев, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, з тоа каква е соработката со Мицкоски.
Заев вели дека со ваквиот однос на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе губи и тоа не е добро за државата, ако опозицијата е слаба.
„Треба баланс. Сакам да разговарам со секој, ова не го кажувам за да го навредам. Власта треба да е широка, да разговара, да има слух за опозицијата, но и тој треба да сака да соработува, да има став. Но тој нема став“,
рече Заев.
Тој посочи и на критиките од Мицкоски за антикризните економски мерки, кои ги нарече популистички и без аргументи.