Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот долг на крајот од првиот квартал оваа година изнесувал 5,5 милијарди евра, а за само три месеци се зголемил на 6,5 милијарди евра. Пресметале дека сега секое просечно семејство е задолжено за нови 2.000.
„Со ова галопирачко темпо на задолжување веќе достигнавме 59,5% од БДП, но согласно Мастришките критериуми за влез на една земја во Европската монетарна унија, дозволуваат јавен долг од 60%. Со ова темпо на задолжување Македонија набрзо ќе го пробие овој критериум. И покрај огромниот пораст на јавниот долг од една милијарда евра, проекциите се дека македонската економија годинава може да ја заврши со пад на бруто домашниот производ приближно на 10%, со што логично се отвора прашањето за која намена беа искористени овие пари“,
изјави Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.