Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вели дека не може да открие детали за разговорите за формирање влада, но додека да се одржи конститутивната седница на Собранието на 4 август не сака да открива детали.
„Неколку пати сме повториле дека ВМРО-ДПМНЕ е во постојана комуникации со сите политички субјекти во Македонија, тоа не е исклучок ни сега. Во интерес на разговорите во насока на формирање ново владино мнозинство апсолутно нема да откривам детали токму во интерес на успехот на тие разговори“,
рече Стоилковски.
Тој порача да се почека конститутивната седница, па да се види тогаш што понатаму.