Оливер Спасовски лаже како неговиот идол Зоран Заев. Веднаш ги погази флоскулите што самиот ги кажуваше на прес конференцијата. Тој е носител на листа на СДСМ, а прес-конференцијата во Владата ја искористи за пласирање на празни партиски флоскули и манипулации, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Спасовски.
„Владата која тој ја води ја злоупотреби за да носи уредби со законска сила во време на епидемија со коронавирус со кои наместо да помага на граѓаните овозможуваше бизнис интереси на лица од неговата партија. Дополнително создаде нерамноправни услови во кампањата, со што се фрла дамка на целиот изборен процес. Оливер Спасовски и Зоран Заев покажаа дека не се грижат за здравјето на граѓаните и нивните животи со неодговорноста и неспособноста. Заштитата на криминалот им беше приоритет, наместо правдата. Организираност покажаа само во криминалот и корупцијата, а Македонија ја оставија да тоне во корупција, рекети и изнуди“
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
