Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук-оставка, но не ја достави со допис до парламентот, реагира Драган Ковачки
ВМРО-ДПМНЕ реагира денеска затоа што премиерот Зоран Заев не ја доставил се уште до парламентот оставката на функцијата.
Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и непонесување на одговорност. Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук-оставка, но не ја достави со допис до парламентот“,
изјави денеска Драган Ковачки од ИК на ВМРО-ДПМНЕ и иден пратеник.
Тој оцени дека оставката на Заев може да заврши исто како и оставката што ја поднесе министерот за здравство Венко Филипче.
„Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче. Ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев? И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување? Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци“,
рече Ковачки, оценувајќи дека Владата веќе нема никаков кредибилитет.