Најголемата опозициска партија во земјата, ВМРО-ДПМНЕ, вечерва го обвини својот најголем политички противни, СДСМ, дека го прекршува Изборниот законик. Владејачката партија, тврдат, почнала да дели пропаганден материјал низ општината Центар, иако не е почната кампањата.
Во прилог на своите тврдења, од ВМРО-ДПМНЕ испратија и две фотографии.


„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извести канцеларијата на ОБСЕ во Македонија за злоупотребите на власта и предвреме почеток на изборната кампања“,
соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.