„Од СДС коишто ја подарија државата за уште неколку дена да задржат три фотелји, со денови се храбреа дека нема да гласаат за владата, за потоа беспоговорно да се нацртаат за Талат Џафери“, велат од опозициската партија
СДС и ДУИ од изборот на Талат Џафери во Собранието направија приватна партиска журка на државен трошок, со злоупотреба на ложата во собраниската сала, како и просториите на македонскиот парламентарен дом, а секако не изостана и злоупотребата на службените возила. Сето тоа платено од народните пари, соопштија денеска од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера беше јасно дека приватните забави на Груби со пајташите од ДУИ од канцелариите во министерството, вчера се префрлија во Собранието, а од денеска веројатно ќе снимаат журки во Влада. Од СДС коишто ја подарија државата за уште неколку дена да задржат три фотелји, со денови се храбреа дека нема да гласаат за владата, за потоа беспоговорно да се нацртаат за Талат Џафери. Нив овие девијации и злоупотреби не ги засегаат, исто како и злоупотребите на Собранието и на Владата, се додека ДУИ им овозможува уште неколку дена криминал“,
Оттаму велат дека народот со право вели дека повеќе немаме држава.
Со црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец – 28.01.2024“, Али Ахмети со сопартијците вчера вечер славеше за изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада.
Видеа од славјето на Тик-ток објавуваше Бленди Февзиу – водител на популарното ТВ-шоу „Мислење“ (Опиниони) на ТВ Клан Албанија, кој е еден од четворицата ВИП гости на ДУИ за кои порталот „Икс“ објави дека цел ден се превезуваат со службено возило од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби.
Според сторијата на „Икс“, гостите прво пиеле виски и пушеле цигари во канцеларијата на Али Ахмети, заедно со домаќините, а потоа ги зазеле столчињата во ВИП-ложата во пленараната сала на македонскиот парламент.