Оттаму во писменото соопштение, објавено утрово, прашуваат: Како може да има олеснителни околности за лице кое вози под дејство на алкохол, прегазува мало девојче на пешачки премин, воедно ја повредува нејзината мајка и потоа не застанува, не дава помош, туку напротив, се дава во бегство и полицијата го бара неколку дена?
Апелацискиот суд во Скопје вчера соопшти дека донел пресуда со која ја преиначува првостепената пресуда на Основниот суд во Велес и казната за Николов од изречените 18, ја намали на осум години затвор. Казната за Николов е намалена за двете дела за кои тој се товареше – тешки дела против безбедноста на луѓето и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода
Пресудата на Апелацискиот суд Скопје со која му беше и повеќе од преполовена провостепeната затворска казна на велешанецот кој усмрти 11-годишно девојче во сообраќајна несреќа, е во најмала рака срам за државата и за судството, се вели во писмената реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Преиначувањето на пресудата од 18 години затвор, на 8 години, од страна на Апелација, за Николов, кој во Велес ја прегази малата Магдалена и ја повреди нејзината мајка, е во најмала рака срам за државата и судството, кое веќе нема ни 1 отсто доверба кај граѓаните. Како олеснителни околности, судот навел дека лицето кое го извршило овој акт, бил млад и не бил женет“,
велат од партијата.
Оттаму, во писменото соопштение објавено утрово, прашуваат: Како може да има олеснителни околности за лице кое вози под дејство на алкохол, прегазува мало девојче на пешачки премин, воедно ја повредува нејзината мајка и потоа не застанува, не дава помош, туку напротив, се дава во бегство и полицијата го бара неколку дена?
„Ова се случува кога цвета корупцијата во судството и кога судиите се избираат во партиските штабови на ДУИ и СДС. Правда и одговорност мора да има за сите инволвирани во овој трагичен настан, тоа го бараат граѓаните“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сообраќајната несреќа во која 28-годишниот велешанец Ангелче Николов возејќи под дејство на алкохол прегази мајка и нејзината 11-годишна ќерка се случи на 17 декември минатата година во строгиот центар на Велес, на улицата „Борис Трајковски“. Од силината на ударот, малолетното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин на улицата и починало. Возачот Николов воопшто не запрел, туку продолжил да вози со голема брзина. Неговиот „мерцедес“ полицијата брзо го пронајде, а Николов самиот се пријави во полиција два дена по сообраќајката.
За време на судењето, обвинителството побара максимална казна, а судијката Габриела Гајдова, која го водеше процесот, појасни дека судот смета дека осудениот може да го повтори делото, поради што му ја продолжи мерката притвор сè до спроведување на казната затвор, во која му се засметува времето поминато во притвор.
Таа при изрекувањето на казната потенцира дека иако на првото рочиште Николов ја призна вината, во текот на целата истражна постапка не искажал вистинско каење и жалење за загубениот живот на 11-годишното девојче Магдалена.
Апелацискиот суд во Скопје вчера соопшти дека донел пресуда со која ја преиначува првостепената пресуда на Основниот суд во Велес и казната за Николов од изречените 18, ја намали на осум години затвор. Казната за Николов е намалена за двете дела за кои тој се товареше – тешки дела против безбедноста на луѓето и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Оваа одлука на Апелацискиот суд е финална, а Николов од притворското одделение, со денешната одлука, ќе биде упатен на издржување затворската казна. Покрај затворска казна, Николов доби и петгодишна забрана за управување на моторно возило, која ќе биде ефективна од денот на неговото излегување од затвор.