ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение прашува дали Вице Заев стои позади пожарот во кој утринава изгоре еден автомобил во Ново Лисиче и други два беа помалку оштетени. Тој пак возврати дека преку прашалната форма „дали“ нема да бидат амстерани за обвинувањата и ги повика да приложат докази.
„Дали Вице Заев се активира и во Скопје? Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје? Аздисуваат ли бандите на власта и дали зад сцената се случува нова мафијашка пресметка? Скопје повторно станува како Бејрут. Запалени автомобили на секаде, а СДСМ не реагира преку институциите, кои сè уште се под нивна контрола. Ова само говори дека или мафијашите делуваат под нивна наредба или дека се неспособни да се справат со обични криминални пресметки кои им се случуваат пред нос“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Вице Заев пак преку писмена реакција вели дека ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката, професионалноста и моралот и ги повика, ако обвинувањата не се лага тогаш веднаш, се што имаат како доказ или сомнеж да го однесат и пријават во обвинителството и во сите надлежни институции и слободно да го објават јавно.
„Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд. Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги“,
вели Заев.
Тој додава дека не е јавна личност и избрал да води приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно го инволвирале.
„Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува“,
се вели во реакцијата на Вице Заев.
Утринава околу 9 часот во скопската населба Ново Лисиче на паркинг во близина на последна 5ка изгоре автомобил „сеат алтеа“, а други две возила беа со помали штети.
Од МВР најавија дека равботат на случајот, но не соопштија како настанал пожарот.