Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево од Собранието побара од претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за јавно обвинителство кој според нив е донесен противзаконски.
„Ова е авторитарно владеење на дело. Ова веќе не е демократија. Одлуката на Собранието е неделовничка и противзаконита. Ваков закон, кој не е донесен, не смее да биде потпишан од претседателот Пендаровски и го повикуваме да не дава легитимитет на вакво брутално кршење на законите и процедурите.“
– истакна Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ она што се случило денеска на пленарната седница е погазување на демократијата и спротивно на одредбите на Деловникот за работа. Мицевски изјави дека остануваат во собраниската сала само за седницата за распуштање на парламентот.