Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија. Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија, реагира опозициската партија
Од СДСМ, пак, побараа Христијан Мицкоски да се извини за сите лаги бидејќи, како што порачаа, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет
Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прва меѓувладина конференција на земјава со ЕУ.
Во соопштението оттаму уште еднаш порачуваат и дека нема да дозволат промена на Уставот и вметнување на Бугарите.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија. Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија. Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак, побараа лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски да се извини за сите лаги бидејќи, како што порачаа, почнуваме преговори со ЕУ со заштитен идентитет.
„Република Северна Македонија денеска започнува преговори за членство во ЕУ со чиста формулација за македонскиот јазик, со заштитен идентитет, култура, посебност и засебност. Со ова на Христијан Мицкоски му потонаа сите лаги, деструкции и крвави сценарија за предизвикување на дестабилизација и етнички конфликт. Сите невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за асимилација, бугаризација, манипулации за македонскиот јазик, се разобличени до крај. Најмалку што може, Мицкоски да направи е да се извини за сите лаги, што хистерично ги ширеше, да им се извини на граѓаните затоа што си поигруваше со нивните чувства, ВМРО-ДПМНЕ да ѝ се извини на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која ја нарече нацист и лажга“,
велат од СДСМ.
*Поврзани вести:
- (ФОТОГАЛЕРИЈА) Фон дер Лајен и Фиала ги пречекаа Ковачевски и Рама во Брисел
- Фон дер Лајен: Димитар, Договорот за ФРОНТЕКС ќе биде на македонски јазик без фусноти и ѕвездички
- Чешкиот премиер Фиала пред меѓувладините конференции: Иднината на ЕУ е пред вас и ви е на дофат
- (ВИДЕО) Изјави по средбата кај Фон дер Лајен: Сите на англиски, само Ковачевски на македонски и англиски
- ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА: Почна првата меѓувладина конференција на С Македонија со ЕУ
