Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека борбата на Владата со коронавирусот во земјава има најлоши резултати, тие сметаат дека вината не треба да се бара во народот туку во властите.
„Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот. Власта не треба да ја бара вината кај народот, властите се неспособни да се справат со короната. Додека другите држави во окружувањето и по десетина дена немаат регистрирано ниту еден нов случај, Македонија бележи и ново заразени и нови смртни случаи“,
се вели во соопштението.
Словенија, Хрватска и Црна Гора немаат нови случаи повеќе од 10 дена, според ВМРО-ДПМНЕ, иако во Македонија имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот.
„Не се справи заради лошиот менаџмент на владата. Лекарите, медицинските сестри и болничарите сами си купуваа заштитна опрема. Државата буквално беше оставена на милост и немилост. Неспособноста на СДСМ за која сега виновни се граѓаните кои ги затворија како во притвор два месеци дома ќе ги чини токму граѓаните 1.3 милијарди евра до крајот на годината, за кои државата ќе треба да се задолжи“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие сметаа дека неуспехот се должи на ноншалантноста на владејачката СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ знаело како да се справи со состојбата.
„Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“,
сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
