Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ја преиспита одлуката за второто полугодие да почне со физичко присуство на учениците затоа што засилено се шири омикрон варијантата на ковид-19. Тие и предлагаат на власта наставата за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство.
„Уште еднаш ги повикуваме министерот Беким Сали и оваа неодговорна влада предводена од пиунот Ковачевски да ја преиспитаат одлуката за започнување на второто полугодие за учениците во услови кога сојот омикрон коси во државата“
се вели во соопштението.
Барањето на ВМРО-ДПМНЕ второто полугодие наставата да продолжи онлајн, без физичко присуство е лицемерно, неискрено и лажно, сметаат од СДСМ. Од таму велат дека одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.
„Здравјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото. Лицемерието на Мицкоски нема граници, едно зборува а друго прави. Предгала наставата да биде онлај а Мицкоски седи во кафани и ги прекршува мерките“,реагираат од опозициската партија.