-Зоран Заев вчера кажа дека знаел за Еуростандард банката веќе година дена. Министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека не знаела ништо. Ова е огромен скандал. И манипулација со граѓаните. Кој лаже Заев или Нина?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ за слуачјот со пропаднатата банка од која министерката за финансии претходно повлекла голема сума на свои пари.
„Доколку Нина навистина не знаела, тогаш во кое својство Заев знаел и како оделе податоците до него, кога директен учесник во процесот на макроекономијата е министерството за финансии. Нина манипулира и ја лаже јавноста. Нина знаела и била должна да знае, согласно функцијата која ја извршува. Самиот факт што ги повлекла парите предвреме е доказ за тоа. Нина Ангеловска мора да сноси одговорнос“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
За пропаѓањето на „Еуростандард банка“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека банкарскиот сектор е независен и дека тоа не е политичко прашање. Тој изрази уверување дека Народната банка преземала се што е во рамки на законските обврски. Сепак, тој како поранешен премиер бил запознаен со состојбите во Еуростандард банка уште минатата година.
„Јас како претседател на Владата уште во 2019 година бев информиран за состојбата во Еуростандард банка од извештаите кои редовно ги добивав, за намалување на адекватноста на капиталот, докапитализацијата и за сите движења кои што се случуваат“,
рече Заев, но нагласи дека надлежноста е комплетно на Народната банка.