Полицијата во Ванкувер не смета дека се работи за терористички чин извршен за време на уличниот фестивал

Маж со автомобил влета во посетителите на фестивалот „Лапу Лапу“ во Ванкувер, при што убил девет лица, соопшти локалната полиција. Полицијата во Ванкувер не смета дека се работи за терористички чин извршен за време на уличниот фестивал.
Полицијата на местото на настанот уапсила 30-годишен жител на градот.
Вршителот на должноста шеф на полицијата во Ванкувер, Стив Раи, изјави дека 30-годишниот осомничен е уапсен на местото на настанот и дека во инцидентот учествувале „еден осомничен и едно возило“.
Инцидентот се случи синоќа во близина на улицата „Фрејзер“ и Источна 41. авенија, објави канадската мрежа Си-би-си.