„Официјалното соопштение на Претседателството на Србија, по средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи, сеопштиот губитник Бујар Османи, јасно покажува дека меѓу темите на разговор било и ‘унапредувањето на положбата на Србите во Северна Македонија’. Овој документ открива уште една вистина: за време на годините на власт, ДУИ никогаш го немаше албанското прашање како свој приоритет“, велат од Влен

ДУИ нема право да зборува за т.н. „српски свет“, смета владејачката Влен. Оттаму потсетуваат на средба одржана во 2021 година меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Во тогашното соопштение, кое сега Влен го нарекува документ, пишувало дека меѓу темите на разговор било и „унапредувањето на положбата на Србите во Северна Македонија“, што за владејачката партија е „потопување на пропагандата“ на ДУИ.

„Со денови ДУИ изнесува неосновани обвинувања против нас, обидувајќи се да нѐ етикетира со лажниот наратив за „српскиот свет“. Но, пропагандата исчезнува во моментот кога ќе се соочи со официјални документи. Официјалното соопштение на Претседателството на Србија, по средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи, сеопштиот губитник Бујар Османи, јасно покажува дека меѓу темите на разговор било и ‘унапредувањето на положбата на Србите во Северна Македонија’. Овој документ открива уште една вистина: за време на годините на власт, ДУИ никогаш го немаше албанското прашање како свој приоритет.“,
велат од Влен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
