„Па, нели се ветуваше целосно нов Кривичен законик. Ова можеше да се направи уште лани во септември. Што беше пречка? Една и пол година замајување на јавноста со изговорот ‘чекаме нов закон‘, Кому му одговараше статус кво состојбата додека кривичните дела си застаруваа едно по едно. И што добивме? Слични одредби, исти проблеми“, напиша таа на Фејсбук
Според предлагачите, пак, со измените се заострува казнената политика преку ревидирање и дополнување на членот 353 што се однесува на „високо профилни“ случаи, односно злоупотреби на службената положба од страна на носители на функции на различни нивоа на власт
Измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои се чекаа извесен период, вчера се поднесени во Собранието со потпис на девет пратеници од владејачкото мнозинство.

Со предлог-измените, како што е наведено во образложението, треба да се исправат контроверзните интеренции во Кривичниот законик (КЗ) што претходната власт тајно ги утврди, а тогашниот собраниски состав ги донесе на 6 септември 2023 година.
Измените на КЗ донесени пред нешто повеќе од две години беа причина за застарување на кривичните дела со кои беа опфатени голем број поранешни функционери во случаите што ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а по чие згаснување во најголем дел ги презеде Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Клучните измени тогаш беа направени во членот 353, каде се опфатени кривичните дела од корпусот злоупотреба на службената положба и овластување, каде се намалија казните, беа воведни горни граници и беше избришан еден член кој се однесуваше на кривичните дела во делот на јавните набавки.
Покрај за злоупотребата на службената положба и овластувања, пратениците оттогаш изгласаа промени и во ставовите од членот 394 – злосторничко здружување, со што затворски казни во актуелниот закон „од една до десет години“ од „шест месеци до пет години“ беа намалени до три, односно до две години.
Но, и сега предложените измени од страна на пратеници од владејачкото мнозинство, предизвикаа негативни реакции кај дел од политичкиот естаблишмент во државата.
Меѓу првите со реакција се јави претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка Моника Зајкова.
Според нејзиниот став, што таа го сподели преку објава на Фејсбук, со поднесениот предлог-закон за измени и дополнувања на Кривичниот законик, наместо реформа и европски напредок, се враќаме во времето кога министер за правда беше Михајло Маневски.

„Па, нели се ветуваше целосно нов Кривичен законик. Ова можеше да се направи уште лани во септември. Што беше пречка? Една и пол година замајување на јавноста со изговорот ‘чекаме нов закон‘, Кому му одговараше статус кво состојбата додека кривичните дела си застаруваа едно по едно. И што добивме? Слични одредби, исти проблеми“,
пишува таа.
Според неа, застарувањето повторно ќе биде алиби за неказнивост, а широките описи на квалификација на делата, можност за политички прогон, особено кога Обвинителството и судството функционираат по принцип разреши и замени со свои луѓе.
„Зголемувањето на роковите за застареност – престанете да ја навредувате интелигенцијата на граѓаните. Со овие одредби, делата повторно ќе застаруваат. Ако не знаете како, ви го даваме нашиот предлог. Слободно поднесете го и поддржете го. Од што е стравот?“,
прашува Зајкова.
Таа ги повика граѓаните што се согласуваат со предлогот на ЛДП, кој се однесува на тоа кривичните дела со кои директно се оштетува државниот буџет да не застаруваат лесно, да го поддржат.
„Ова не е партиско прашање, туку прашање на правда“,
смета пратеничката и претседателка на ЛДП.
На крајот од нејзиниот фејсбук-статус, Зајкова вели дека Кривичниот законик не го гласала оти не ја извршувала функцијата министер, како и дека не го гласала ниту како пратеничка.
Со потпис на девет пратеници од владејачкото мнозинство до Собранието вчера е доставен Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Според предлагачите, со предложените измени се заострува казнената политика преку ревидирање и дополнување на член 353 што се однесува на „високо профилни“ случаи, односно злоупотреби на службената положба од страна на носители на функции на различни нивоа на власт.
„Од проценките и анализата на постојната состојба, очигледни се последиците што се појавија усвоени промени, пред сè неоправдани и нецелисходни ублажување на казната политиката на инкриминација, како и бришењето на одредбите од член 353 кога се регулирани кривични дела што вклучуваат злоупотреба на службена положба и овластување против јавни набавки. Значи, со оглед на овие кривични дела, казнената политика го изгуби својот суштински превентивен и репресивен карактер. Сепак, најсериозните импликации во актот на репресија, промената ги оспорени во специфични судски случаи, вклучително и случаи од областа на организацискиот
се вели во појаснувањето на причините поради кои се предлагаат законските измени.
криминал и корупција во постапките против јавни набавки, кога е истечен кривичниот рок на застарување
гонење“,
Најконтроверзните измени се однесуваа на членот 353, за злоупотреба на службената положба и овластување. Со измените од 2023 година беше избришано едно од трите основни дејствија на извршување – искористување на службената положба или овластување, а беше воведен и дополнителен услов: делото да биде сторено со намера.
Дополнително, беа намалени и затворските казни и тоа: за квалификувани облици со поголема имотна корист, казната од шест месеци до пет години беше намалена од една до четири години; за значителна имотна корист, казната од минимум три години на затвор беше сведена на една до пет години; целосно беше избришан посебниот став што се однесуваше на злоупотреби при јавни набавки, каде претходно беше предвидена казна од најмалку пет години затвор.
Со новиот предлог се враќаат старите механизми и се предвидуваат повисоки казни. Членот 353 повторно се проширува и се заострува казнената политика: за основниот облик на злоупотреба на службената положба се предвидува затвор од шест месеци до три години; за поголема имотна корист – од една до пет години; за значителна имотна корист – од една до осум години. Повторно се воведува посебен став за јавни набавки, но со казна од една до осум години затвор, а доколку станува збор за имотна корист од големи размери казната е од четири до 10 години затвор.


Измените од 2023 година влијаеја и на кривичното дело несовесно работење во службата, каде беше избришан елементот на користољубие, што дополнително ја олесни одбраната во ваквите предмети. Сега се предлага повторно прецизирање и воведување на скалеста казнена политика, со казни до 5 години затвор за потешките облици.
Во образложението на предлог-измените на Кривичниот законик се вели дека основна цел е да се анулираат штетните последици од измените од 2023 година и државата повторно да се врати на европските стандарди во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Се наведува и дека со измените ќе се усогласат и со одлуката на Уставниот суд, кој побара Собранието да ги анулира штетните последици од законските измени од 2023 година.
Со измените се предлага и заострување на казнената политика во делот на сообраќајот, а со цел синхронизирање на Кривичниот законик со системот „Безбеден град“ кој треба да стапи во сила од 1 февруари 2026 година.
