Во СМС-пораките што деновиве стигнуваат до граѓаните, Владата е наведена како испраќач, а во содржината пишува оти граѓанинот има право на паричен додаток од 6 150 денари, односно 100 евра. Пораката е испратена од странски телефонски број, а во неа е приложен и линк од наводната веб-страница на Владата
Граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки испраќани од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци – апелира Владата преку писмено соопштение откако граѓани деновиве почнаа да добиваат СМС и пораки по електронска пошта за наводна парична помош од Владата.


„Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, таа треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови ниту да одговараат на пораките што ги добиле“,
се наведува во соопштението на Владата.
Од Владата додаваат дека се работи за „смишинг“ и „фишинг“ измама која е веќе пријавена и по која се соодветните служби постапуваат и апелираат на внимателност кај граѓаните во врска со споделување на своите лични податоци.
Во СМС-пораките што деновиве стигнуваат до граѓаните, Владата е наведена како испраќач, а во содржината пишува оти граѓанинот има право на паричен додаток од 6 150 денари, односно 100 евра. Пораката е испратена од странски телефонски број, а во неа е приложен и линк од наводната веб-страница на Владата.
