Неговата оставка – прва во владата формирана пред две недели – доаѓа по серијата откритија за навредливи и заканувачки пораки, наводно испратени од министерот
Mинистерот во владата на британскиот премиер Риши Сунак, Гевин Вилијамсон, во вторникот вечерта објави дека поднесува оставка од новата влада, откако беше обвинет за „неморално“ однесување и испраќање несоодветни пораки до пратениците и поранешните колеги.
„Како што знаете, постои тековен процес на жалба во врска со пораките што ги испратив“,
стои во писмото што Вилијамсон го испратил до премиерот Риши Сунак што го објави на Твитер.
„Упатени се и други обвинувања, тие стануваат пречка за добрата работа на оваа влада“,
додава тој во писмото.
— Gavin Williamson (@GavinWilliamson) November 8, 2022
Неговата оставка – прва во владата формирана пред две недели – доаѓа по серијата откритија за навредливи и заканувачки пораки, наводно испратени од министерот.
Вилијамсон веќе двапати беше отпуштен од британските влади, прво од Тереза Меј поради поради објавување доверливи информации, а потоа од владата на Борис Џонсон за време на пандемијата.
Сепак, минатиот месец, Вилијамсон беше вратен во владата на Сунак како министер без ресор, но неговата позиција се најде под лупа на јавноста набргу откако медиумите објавија оти испратил навредливи пораки до Венди Мортон, блиска соработничка на поранешната премиерка Трас, откако дознал дека нема да биде на списокот на официјални лица кои ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора, додава Гардијан.
Според пораките, како што додава Гардијан, Вилијамсон ја обвинил Мортон дека покажува лични политички преференции при изборот на службеници поканети на погребот на кралицата.
Тој напишал дека е многу лошо и испраќа многу јасна порака дека оние што не биле „фаворизирани“ од Лиз Трас биле намерно исклучени.