Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина, информираат оттаму.
Како што пренесуваат од владината прес-служба, видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина.
За потсетување, Европската унија веќе презеде чекор за купување на оружје за Украина, а оваа информација беше соопштена вчера, при објавувањето на новата серија санкции кон Москва поради руската инвазија врз соседната земја која започна на 24 февруари.
Претходно голем дел земји поединечно одлучија да и испратат воена помош на Украина.