Разрешувањето на Сотирова-Бухова, како што стои во соопштението од Владата, е на нејзино барање
За нов в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е именувана Рената Младеновска
Владата на денешната редовна 82. седница ја разреши в.д. директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Разрешувањето на Сотирова-Бухова, како што стои во соопштението од Владата, е на нејзино барање.
За нов в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е именувана Рената Младеновска.
Инаку, кон крајот на август, поточно на 23 август, во јавноста се појавија информации дека разрешувањето на Сотирова-Бухова ќе биде една од точките на дневен ред на седницата, закажана за тој ден, но разрешување не се случи. Таа остана на функцијата, иако мандатот на в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ѝ беше истечен во април оваа година. Владини извори за дел од медиумите тогаш брифираа дека Сотирова-Бухова најавила дека не сака повеќе да ја извршува функцијата.
Сега веќе поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат летово беше во фокусот на јавноста откако дел од медиумите објавија дека со службена картичка точела и бензин и нафта во ист автомобил иако нејзиниот службен автомобил како погонско гориво користел бензин.
Таа тогаш ги повика надлежните институции да ги истражат наводите објавени во јавноста, а за овој случај предмет отвори Државната комисија за спречување на корупција.