Владата им препорача на банките порано да обезбедат исплата на пензиите односно од 28 март.
Ваквата препорака следува по одржавата владина седница доцна поладнето (21 март).
Претходно, соопштија од владината прес-служба, вицепремиерката Мила Царовска контактирана со Македонската банкарска асоцијација.
„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, кабинетот на вицепремиерката предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28 март“,
соопштија од Владата.