Како што се наведува во соопштението, Буџетот во делот на расходите е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари или околу 5,3 милијарди евра, односно толку пари планира да потроши државата следната година. Приходите, како што информираат од Владата, е предвидено да бидат 282,05 милијарди денари или 4,6 милијарди евра, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари, односно околу 700 милиони евра
Премиерот Димитар Ковачевски во врска со усвоениот предлог-буџет за 2023 година на Фејсбук напиша дека Буџетот за догодина се води според златното правило – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит
Владата на денешната 98. седница го усвоила предлог-буџетот на државата за 2023 година, предложен од Министерството за финансии, соопшти владината прес-служба.
Како што се наведува во соопштението, Буџетот во делот на расходите е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари или 5,3 милијарди евра, односно толку пари планира да потроши државата следната година. Приходите, како што информираат од Владата, е предвидено да бидат 282,05 милијарди денари или 4,6 милијарди евра, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари, односно околу 700 милиони евра.
На седницата е усвоен и предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.
Подетални податоци за Буџетот се очекуваат подоцна попладнево за кога е закажана прес-конференција на Министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Премиерот Димитар Ковачевски во врска со усвоениот предлог-буџет за 2023 година на Фејсбук напиша дека Буџетот за догодина се води според златното правило – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит.
Во 2023 година, како што потенцира Ковачевски, се планира рекордно ниво на капитални инвестиции од 795 милиони евра, или за 52,3 отсто повеќе во однос на годинава, кои ќе бидат основа за забрзување на растот.
„Догодина се очекува да се задржат позитивните стапки на економски раст од 2,9 отсто, додека на среден рок растот ќе забрза и од 2023-2027 година во просек ќе изнесува 4,6 отсто. Стапките на раст од 2025 година ќе забрзаат на посакуваните 5 отсто. Остануваме посветени и на: Фискална консолидација; Mерење на успешноста на политиките; Раст на инвестициите; Унапредување на фискалната децентрализација; Постојано унапредување на фискалната транспарентност“,
напиша Ковачевски на својот официјален фејсбук-профил.