Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец-приправник се скратува од шест на пет месеци.
Уредбата се однесува на приправниците кои имаат склучено договор за вработување со МВР на 1 ноември 2019. Ова значи дека наместо на 30 април, приправничкиот стаж на овие лица ќе им заврши наредниот вторник (31 март) и од 1 април тие ќе имаат полициски овластувања.
Според неофицијални информации од МВР, станува збор за нешто повеќе од 500 полицајци-приправници кои ќе добијат полициски овластувања.
„Оваа уредба е донесена заради прогласената вонредна состојба во државата која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството, вклучително и полицајците – приправници“,
соопштија од Владата.
На овој начин, тврди власта, ќе се овозможи дополнителен број на полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките и мерките на Владата за коронавирусот.