Со ваквата владина одлука, како што информираат од ресорното Министерство за култура, се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани
Вевчанскиот карневал – традиција стара околу 15 века – е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Со ваквата владина одлука, како што информираат од ресорното Министерство за култура, се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани.
„За Василичарите во Вевчани се утврдува режим на заштита од прв степен, со повеќе мерки на заштита. Преку поддршка и поттикнување на носителите за изработка на автентични маски ќе се обезбеди одржливост на древната манифестација, ќе се обезбеди пренос на знаењата за изработка на маските и вештините за свирење на традиционалните музички инструменти кои се дел од поворката. Од особено значење е што традицијата на еден од најстарите карневали во светот ги вклучува и младите генерации и се зачувува како културно наследство“,
наведуваат од Министерството за култура.
Со прогласувањето за културно наследство од особено значење, како што додаваат од Култура, се воспоставува трајна заштита и категоризација на карневалот согласно Законот за заштита на културното наследство,