Мицкоски ова денеска го кажа прашан околу наводите кои кружат во политичката јавност дека е можно министерот за здравство и еден од лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари да ја напушти односно да биде избркан од оваа коалиција на партии на Албанците која е дел од владиното мнозинство, а потоа и од Владата
Владата функционира обединето и единствено. Има, неофицијално чиста двотретитинска поддршка во рамките на македонското Собрание, а реално ја поддржуваат 78 пратеника.

Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан околу можноста министерот за здравство и еден од лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари да ја напушти односно да биде избркан од оваа коалиција на партии на Албанците која е дел од владиното мнозинство.
Имено ТВ 21 повикувајќи се на свои извори вчера вечер објави дека имало предлози „Вреди“ да донесе одлука да Алијанса на Албанците на Таравари да си замине од коалицијата и на премиерот да биде предложено да ја острани од Владата. Според информациите на телевизијата ова се очекува да се потврди во следените 10 дена.
Премиерот рече дека во јавноста има многу информации и оти би се воздржал од било какви коментари во однос на нив.
Рече оти разбира зошто е чувствителна јавноста во врска со ова прашање, бидејќи во минатото, алидирајќи притоа на претходната влада на СДСМ и ДУИ, владиното мнозинство, како што рече секој ден било на стаклени нозе.
„Овојпат тоа е стабилно и треба да оставиме Владата да работи како што е тоа случај досега“,
рече Мицкоски кој денеска беше во Тетово, каде заедно од градоначалникот Билал Касами, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кои се дел од коалцијата „Вреди“, извшрија увид во градежни активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато, прва фаза од Фуштанска до село Порој“.
Дека има турбуленции внатре во „Вреди“ Таравари потврди во интервјуто за „360 степени“, емитувано на 31 март 2025. г. на МРТ 1.
Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН настапи со јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација.

Покрај тоа тој рече сите четири субјекти што ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН имаат контакти со ДУИ. Ова тој го спомена во два наврати во интервјуто, еднаш прашан директно дали има комуникација и вторпат одговарајќи на прашање дали има некакви сигнали од Мала Речица за соработка со Алијанса на локалните избори.
Веќе следниот ден, партнерите негираа дека имаат какви било контакти со ДУИ.
Вчера лидерот на опозициската партија, Али Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај рече дека не е точно оти има некаков договор со министерот за здравство и коалициски партнер на ВЛЕН, Арбен Таравари.