Владата на Република Северна Македонија реагира на написите во медиумите дека на доскорешниот премиер Зоран Заев му е доделен автомобил „шкода суперб“. Од Илинденска бр. 2 велат дека постапуваат исклучиво согласно обврските што произлегуваат од Законот за Владата.
„Имено, со измените направени во 2016 година, Владата има обврска да обезбеди на користење возило, возач, како и безбедносна заштита на поранешен претседател на Влада, онолкав период колку што му траел завршениот мандат. Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на било кој поранешен премиер или на било кој друг функционер да подарува возила“
се вели во владиното соопштение.