Наредната среда, 15 јули, кога ќе биде денот на гласање, ќе биде неработен ден, заклучи Владата на денешната седница.
„Владата на Република Северна Македонија на денешната 74-та седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува“,
соопштија од Владата.
Според владината Уредба со законска сила, која претходно беше донесена, гласањето на 15 јули ќе трае од 7 до 21 часот.
На 13 јули, пак, ќе гласаат заразените со ковид-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација, а ден потоа, 14 јули, ќе гласаат изнемоштените и болните лица.