Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени

Денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
УХМР информира дека од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер.
Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога се очекува да наврне поголема количина на дожд. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен јужен ветер, над 60 километри на час.