Во најавениот „Викенд без ДДВ“ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и комјутери и ИТ опрема.
Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.
„Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500 илјади. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври, ќе може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30 илјади денари по поединец и во рок од само неколку дена назад ќе го добијат целиот ДДВ од 100 проценти“,
рече Заев.
Со оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ.
Апелираше до правните субјекти кои го немаат завршено разграничувањето во фискалните каси на домашните од странски производи и услуги.